Објавата на вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, дека АХВ запленила путер со поминат рок предизвика жестоки реакции и шеги на социјалните мрежи.
Коментарите се: „Браво министре“, „Жена остана без три органи, нема никаква одговорност, сте заплениле путер, WTF??, „Тешка е борбата, само напред“, „Путер бе. Путер.Абе стварно да ве немаше, ќе требаше да ве измислиме“ , „Браво мајсторе, продолжете вака, не ни треба ЕУ, може да не заштитите вие и од павлака и сиренце“, „Барем чварки да беа“.