ФЕЈСБУК ВРАБОТУВА 10.000 ЕВРОПЕЈЦИ Ќе развиваат виртуелен Метаверзум

Инвестирањето во ЕУ има многу предности, вклучувајќи пристап до голем пазар, првокласни универзитети и висококвалитетни таленти, објави Фејсбук. За компанијата изградбата на метаверзум ќе биде еден од нејзините големи приоритети. Тие инвестираа над 50 милионио американски долари во проектот, а сметаат дека целата работа ќе потрае 10 до 15 години.

311

Фејсбук планира да вработи 10.000 луѓе од Европската унија во наредните години за да го развијат новиот Метаверзум – виртуелен онлајн свет каде што луѓето ќе можат да се среќаваат, да играат и да комуницираат со ВР-очила, нешто што веројатно ќе го замени Интернетот во иднина, а ќе им отвори на луѓето нова шанса за заработка, пишува Би-Би-Си.






Марк Закерберг е гласноговорник на виртуелната реалност. Баш во време за компанијата да го одвлече вниманието од скандалите дека не е безбедна за кои беше и на судење месецов. Значи, што е метаверзум?

„Метаверзумот има потенцијал да помогне да се отклучи пристапот до нови креативни, социјални и економски можности. И Европејците ќе го обликуваат уште од самиот почеток“, се вели во објавата на Фејсбук.

Инвестирањето во ЕУ има многу предности, вклучувајќи пристап до голем пазар, првокласни универзитети и висококвалитетни таленти, објави Фејсбук. За компанијата изградбата на метаверзум ќе биде еден од нејзините големи приоритети. Тие инвестираа над 50 милионио американски долари во проектот, а сметаат дека целата работа ќе потрае 10 до 15 години.

„Новите работни места што се создаваат во следните пет години ќе вклучуваат „високо специјализирани инженери“, се додава во соопштението.

Поврзани содржини