ФЕЈСБУК ВОВЕДУВА ПРЕТПЛАТА ЗА ВЕРИФИЦИРАНИ КОРИСНИЦИ Претплатата ќе биде 11,9 долари месечно
Претплатниците ќе добијат значка на Фејсбук и Инстаграм што покажува дека нивниот идентитет е потврден, заштита на нивната сметка (против кражба на идентитет), пристап до услуги на клиентите и поголема видливос, информираше портпаролот на Мета.
Марк Закерберг, сопственикот на Мета, компанијата која ги поседува социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, денеска објави дека воведува претплата во износ од 11,99 долари месечно за проверка на профилите на платформите, со што претплатниците ќе добијат статус на верифицирани претпалтници.
Статусот Мета верифајд ќе биде достапен во Австралија и Нов Зеланд од оваа недела, и е сличен на системот што го воведе Илон Маск на Твитер, со услуги за верификација на идентитетот и придобивки како што се „директен пристап до услуги на клиентите“.
– Идејата е да го подобриме кредибилитетот и безбедноста на нашите услуги – вели Закерберг во порака објавена на Инстаграм и Фејсбук.
Претплатниците ќе добијат значка на Фејсбук и Инстаграм што покажува дека нивниот идентитет е потврден, заштита на нивната сметка (против кражба на идентитет), пристап до услуги на клиентите и поголема видливос, информираше портпаролот на Мета.
Претплатата е наменета за лица постари од 18 години, но не и за профили на компании.