ФЕЈСБУК НАПРАВИ ПАМЕТНИ ОЧИЛА Можат да примаат повици и да сликаат за 300 долари ВИДЕО

За да фотографирате ќе треба да им кажете на очилата да го направат тоа (со гласовна команда), или да притиснете копче на самите очила, се вели во соопштение на компанијата. Уредот исто така е опремен со три микрофони и звучник за подобро да прима повици.

680

Паметни очила кои можат да снимаат и да ги постираат сликите и видеата директно на интернет, да примаат повици измисли Фејсбук, а ќе можат да се купат за 299 долари во 20 земји во светот, пишува Би-Би-Си. За да фотографирате ќе треба да им кажете на очилата да го направат тоа, или да притиснете копче на самите очила, се вели во соопштение на компанијата.

Видете како тие ќе изгледаат.






Како се викаат? Ray-Ban Stories, затоа што со нив ќе се прават Фејсбук-приказни, а биле развивани во соработка со Ray-Ban и EssilorLuxottic. Апликацијата која е инсталирана во нив и која овозможува сликите да се споделуваат, па и да се уредуваат се вика Facebook View.

Очилата имаат две камери со резолуција од пет мегапиксели, што ви овозможува да фотографирате и снимате видеа до 30 секунди со помош на копче или гласовен асистент на Фејсбук. Уредот исто така е опремен со три микрофони и звучник за подобро да прима повици.

Значи, одите на прошетка во парк или во некое туристичко место и чкрапате со очилата. Луѓето од страна сепак ќе знаат дека во моментот правите фотографија бидејќи очилата имаат ЛЕД светло ке се вклучува во тој момент.

Поврзани содржини