Фејсбук лансираше платформа за следење на изборите во САД

Платформата ќе им овозможи на гласачите лесно да се поврзат со Фејсбук и со Инстаграм и лесно да дојдат до сигурни информации за работата на изборните единици, како и да ја избегнат изложеноста на лажни информации, соопшти Фејсбук. 

164

Компанијата Фејсбук лансира платформа „Изборен информативен центар“ со цел на американските гласачи да им овозможи без потешкотии да ги следат и учествуваат во предизборните активности пред претседателските избори во САД, што ќе се одржат во ноември.

„Платформата ќе им овозможи на гласачите лесно да се поврзат со Фејсбук и со Инстаграм и лесно да дојдат до сигурни информации за работата на изборните единици, како и да ја избегнат изложеноста на лажни информации“, соопшти Фејсбук.

Поврзани содржини