ФЕЈСБУК ИМА ДВОЈНИ СТАНДАРДИ Ако имате ВИП-профил не подлежите на цензура
Еден од познатите примери, според весникот, е бразилскиот фудбалер Нејмар кој во 2019 година без проблем објави гола слика од девојката која потоа го објави за силување, а дур сликата да биде симната, беше видена од 56 милиони луѓе. Ова немаше да биде возможно за профил на обичен корисник, а причината лежи во алгоритмот „XCheck“ кој е специјално наменет да ги проверува ВИП-профилите.
Социјалната мрежа Фејсбук ги дели корисниците на „битни и небитни“, а оние битните, или ВИП-профили, не подлежат на истите правила за цензура, пишува Волстрит Џурнал. Околу 6 милиони корисници во светот имаат вакви профили и ги користат „лабавите“ правила за да го постираат она што не е дозволено за обичните „смртници“, пишува Мондо.
Еден од познатите примери, според весникот, е бразилскиот фудбалер Нејмар кој во 2019 година без проблем објави гола слика од девојката која потоа го објави за силување, а дур сликата да биде симната, беше видена од 56 милиони луѓе, пренесува Енгаџет.
Причината зошто сликата можела да остане толку долго е во програмата наречена „XCheck“ која ги проверува постовите само на овие ВИП-профили. Тоа се најчесто јавни личности и нивните официјални профили. За сите останати корисници, пак, Фејсбук предвидува друг алгоритам со вештачка интелигенција кој има многу постриктни правила за постирање на голотија, говор на омраза и недозволени содржини.
Понекогаш, во проверката се вклучуваат и луѓе – вистински модератори кои одлучуваат за судбината на вашиот пост. Но не и ако сте позната личност.
Во продолжение, видете како се менуваше изгледот на Фејсбук-профилите од 2004 година до денес.