ФЕЈСБУК ЌЕ СЕ ФАЛИ САМИОТ СЕБЕ Реклами на вашиот ѕид ќе го спасуваат имиџот на Цукерберг
Значи, влегувате на Вашиот News Feed и оп, реклама за Цукерберг. И не само реклами, во план е и да се промовираат сите огласи во кои се пишува позитивно за оваа социјална мрежа. Но, за тоа што значи „позитивна приказна“, односно „про-фејсбук“ приказна допрва ќе се одлучува.
Реклами и разни содржини наскоро ќе ви излегуваат на вашиот Фејсбук, а кои ќе го фалат неговиот газда Марк Цукерберг, човекот чиј имиџ беше разнишан по бројните скандалите за преземање информации од корисници или за штитење на говорот на омраза, пишува Индекс. Иницијативата е наречена „Project Amplify“, а ќе ја враќа довербата во компанијата.
Како што решиле на видеконференција од компанијата, никој жив на Фејсбук нема да застане да ја брани компанијата по коментари, па затоа компанијата мора да се брани сама на себе. Во рекламите Марк Цукерберг ќе биде претставуван како иноватор и ќе проба да го одвлече вниманието од себе кон новите технолошки производи кои ги спрема Фејсбук.

Еден од тие производи ќе бидат новите Фејсбук-очила за кои пишуваше ПлусИнфо. Очилата за сонце со кои ќе можете да фотографирате преку гласовна команда и да читате или испраќате основни пораки ја очекуваат својата премиера. Неодамна, Фејсбук работеше и на слушалки кои ќе можат да ги претвораат мислите на човекот во пишан текст, преку отчитување на радио-брановите кои тој ги оддава. Сепак, набрзо се откажаа од проектот.
Значи, влегувате на Вашиот News Feed и оп, реклама за Цукерберг. И не само реклами, во план е и да се промовираат сите огласи во кои се пишува позитивно за оваа социјална мрежа. Но, за тоа што значи „позитивна приказна“, односно „про-фејсбук“ приказна допрва ќе се одлучува.
Да се потсетиме, Фејсбук беше дел од скандалот со фирмата „Кембриџ Аналитика“ која беше обвинета дека влијаела врз поранешните избори за претседател, а во последно време, беше обвинувана дека не го санкционира доволно говорот на омраза од едни, а дека допушта премалку слобода на говор од други групи на луѓе. Премногу прашања, премногу опции…
Едно е сигурно. Бордот на директори на видеоконференцијата решил дека во иднина Фејсбук помалку ќе се извинува помалку за своите пропусти, а наместо тоа побрзо ќе ги решава недостатоците на оваа социјална мрежа.