Фејсбук: Бележиме раст на корисниците, но и пад кај приходите
Најголем раст е забележан на нови корисници на бесплатните услуги на Фејсбук за размена на пораки, кои не остваруваат приходи од огласите.
„Фејсбук“ соопшти дека во подрачјата погодени од пандемијата со новиот коронавирус бележи раст на корисниците, но и намалување на приходите од огласувачите.
Според претставниците на „Фејсбук“, гласовните пораки и видео-повиците на „Месинџер“ и „ВацАп“ се повеќе од двојно зголемени во подрачјата погодени од Ковид-19.
Најголем раст е забележан на нови корисници на бесплатните услуги на Фејсбук за размена на пораки, кои не остваруваат приходи од огласите.