📷 „ФЕЈК ЕУ“, „ГОЛЕМ ДЕН“ И КОВЧЕГ СО УКРАИНСКО ЗНАМЕ Преговарачот на Путин објави провокативна карикатура
На сликата американскиот претседател Доналд Трамп, облечен во престилка и држејќи кујнски нож, стои пред ковчег покриен со украинското знаме.Сцената се случува пред Белата куќа, додека европските лидери се наведнуваат или го носат ковчегот.
Кирил Дмитриев, главниот руски преговарач јза Украина и близок соработник на Владимир Путин, објави провокативна карикатура во пресрет на меѓународните разговори за Украина во Вашингтон.
На сликата американскиот претседател Доналд Трамп, облечен во престилка и држејќи кујнски нож, стои пред ковчег покриен со украинското знаме.
Сцената се случува пред Белата куќа, додека европските лидери Емануел Макрон, Кир Стармер, Урсула фон дер Лајен, Џорџија Мелони, Фридрих Мерц и Александар Стаб – се наведнуваат или носат ковчегот.
Fake EU news promoting fake narratives ahead of a Big Day. pic.twitter.com/cbe4gSoTXE
— Kirill A. Dmitriev (@kadmitriev) August 18, 2025
Украинскиот претседател Володимир Зеленски е прикажан како клечи пред Трамп.
„Фејк вести од ЕУ кои промовираат лажни наративи пред големиот ден“, напиша Дмитриев на платформата Икс, алудирајќи на средбата Зеленски–Трамп што треба да се одржи денес во Вашингтон.
Со карикатурата е испратена порака дека Трамп се прикажува како оној што ја одлучува судбината на Украина, додека европските лидери изгледаат беспомошно и понижено.