ФБИ ГО ИСТРАЖУВА ЏЕЈМИ СПИРС Тајно ја снимал Бритни во спалната соба

Телефонските повици и пораки на 39-годишната Спирс биле тајно снимени како дел од 13-годишното старателство коешто нејзиниот татко го има над неа.

602

На таткото на Бритни Спирс, Џејми Спирс, наскоро би можело ФБИ да му тропне на врата. Причината за ова можно испитување лежи во наводите дека таткото на славната пејачка наводно ангажирал приватна компанија да вршела надзор над комуникацијата на неговата ќерка – вклучително и она што се случувало во спалната соба на Бритни, без нејзино знаење и согласност.

ФБИ истражува дали е прекршен законот, а Џејми Спирс инсистира дека неговата ќерка знаела сѐ за надзорот, пишува „Дедлајн“. Имено, според калифорнискиот закон, двете страни мора да се согласат за снимање на разговорот.






Ова предизвика бесна реакција на правниот тим на Бритни Спирс, кој тврди дека овие обвиненија се дополнителен доказ зошто итно треба да се прекине неговото старателство над ќерката.

„Господинот Спирс ги премина границите“, рекол адвокатот Метју Розенгарт пред судот,  а, исто така, поднел и барање за сослушување за старателството закажано за среда.

„Иако не се докази, сметаме дека овие тврдења бараат сериозна истрага, бидејќи, меѓу другото, Калифорнија е држава во која е потребна согласност од двете страни за вакво нешто“, наведува адвокатот.

Неговите забелешки се однесуваа на документарец на „Њујорк тајмс“, во кој детално се опишуваат овие тврдења во врска со надзорот на славната пејачка. Алекс Власов, поранешен вработен во „Black Box Security“, во новиот документарец вели дека телефонските повици и пораки на 39-годишната Спирс биле тајно снимени како дел од 13-годишното старателство коешто нејзиниот татко го има над неа.

„Поставувањето апарат за прислушкување во спалната соба на Бритни би било особено непростливо и срамно, а исто така го потврдува нејзиното убедливо, потресно сведоштво. Ова мора целосно да се истражи – рекол адвокатот Розенгарт.

Поврзани содржини