ФБИ ги предупредува компаниите дека работниците го лажираат тестот за ковид-19
Компанијата затоа го затвори производствениот капацитет за дезинфекција на локацијата, стопирајќи го производството и престана со испораката на потребните материјали во фабриката - соопшти ФБИ.
Компаниите во САД добија известување од страна на ФБИ за лажни медицински извештаи и фалсификувана документација на вработени кои тврдат дека имаат позитивни резултати од тестот на ковид-19, објави „CNN“.
Во извештајот, Бирото предупредува дека чекорите што компаниите мора да ги преземат за да престанат со работа и да ги поправат работните места, може да доведат до значителни финансиски загуби.
Како еден пример во извештајот на ФБИ е опишан инцидент што се случил во март кога вработениот кој работел во неидентификувана компанија им кажал на шефовите дека неговиот тест е позитивен на ковид-19 со приложување на наводна документација од медицинска установа.
– Компанијата затоа го затвори производствениот капацитет за дезинфекција на локацијата, стопирајќи го производството и престана со испораката на потребните материјали во фабриката – соопшти ФБИ.
По внимателното испитување на медицинската евиденција на вработениот, утврдено е дека станува збор за фалсификат.
ФБИ проценува дека компанијата изгубила околу 175.000 долари како резултат на наводната измама.
Еден соработник на наводниот измамник, верувајќи дека е изложен на вирус, се соочил и со лични финансиски загуби откако решил да изнајми имот за карантин за да не ги загрози членовите на неговото семејство, се вели во соопштението.
Како мерка на претпазливост, Бирото им препорачува на работодавците да се консултираат со медицинските службеници наведени во медицинската евиденција за да ја потврдат нивната вистинитост.