„ФАУЧИ ЗАРАБОТИ МНОГУ ПАРИ, НЕКА СИ ПЛАТИ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ“ Трамп му ја повлече федералната заштита

Заштитата, финансирана од даночните обврзници, за доктор Ентони Фаучи е повлечена. Кога работите за владата, во одреден момент вашата заштита завршува и знаете, не можете да ја имате засекогаш, рече американскиот претседател, Доналд Трамп.

2,100

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ја повлекол федералната заштита за поранешниот висок американски здравствен функционер Ентони Фаучи.

– Заштитата, финансирана од даночните обврзници за доктор Ентони Фаучи е повлечена. Мислам дека кога работите за владата, во одреден момент вашата заштита завршува и знаете, не можете да ја имате засекогаш – потврди Трамп на прес-конференција.






Според него, обезбедувањето е укинато и за некои други лица.

Како што објави „Њујорк пост“, тој очигледно мислел на поранешниот советник за национална безбедност, Џон Болтон и на поранешниот државен секретар, Мајк Помпео.

– Тие можат да ангажираат сопствено обезбедување. Може да имаат добар број многу добри луѓе за обезбедување. Фаучи заработи многу пари. Сите заработија – рече Трамп.

Претходникот на Трамп, Џо Бајден, пред заминувањето однапрeд го помилува Ентони Фаучи, поранешниот главен медицински советник за време на пандемијата на Ковид-19, од потенцијални кривични гонења.

Поврзани содржини