ФАУЧИ ВЕЛИ НЕМА ПОТРЕБА, ГЕРМАНИЈА РАЗМИСЛУВА ЗА МАСКИ Новите две варијанти на коронавирусот можат да ни ги сменат плановите за оваа есен

Претседателот на Германското лекарско друштво смета дека оваа есен маските и вакцинациите имаат смисла. Во САД, доктор Ентони Фаучи вели дека „нема да има цунами на случаи какво што видовме во најтемните денови на пандемијата“.

3,928

EG.5 и BA.2.86, новите две варијанти на коронавирусот кои неодамна беа откриени веќе ги враќаат идеите да се носат маски есенва во некои западни земји. Во САД дебатата е гласна, но доктор Ентони Фаучи не е загрижен – тој за Би-Би-Си рече дека „нема да има цунами на случаи какво што видовме во најтемните денови на пандемијата“.

Фаучи, кој е поранешен медцински советник на американскиот претседател во текот на пандемијата беше голем поборник за маски и мерки во текот на пандемијата. Неговата изјава дека „нема да има цунами“ доаѓа откако некои приватни институции и колеџи во САД им рекоа на своите вработени да носат маски.






Портпаролот на Центрите за контрола и превенција на болести ( ЦДЦ ) за Њузвик во четвртокот изјави дека во моментов нема намера да повика на враќање на задолжителното носење маски , но не негираше дека ова може да се промени ако случаите на новите варијанти се значително се зголеми.

Во Германија, пак, идејата за враќање на маските ја покрена Јанош Дамен од партијата на Зелените.

– Бројот на заразени со коронавирус повторно расте и носењето на маски повторно има смисла, посебно во постудените месеци – рекол Дамен.

Исто така, претседателот на Германското лекарско друштво смета дека оваа есен маските и вакцинациите имаат смисла.

Дамен додава дека во текот на оваа есен и зима здравствениот систем во Германија повторно би можел да биде оптоварен, а постарите ги советува да се вакцинираат.

Плусинфо веќе пишуваше за недостатокот од лекот „Паксловид“ во Македонија. Меѓу земјите во кои се појавија новите соеви „ерис“ и „пирола“ е и соседна Грција каде летуваат многу македонски туристи.

Во соседна Србија зголемен е бројот на постари лица кои се лекуваат од коронавирусот. Докторотр Драган Миљковиќ, специјалист по општа медицина за српска Нова изјави дека веќе 15 дена болниците се борат со нов бран на пациенти кои вирусот го носат од одморите во Грција и Црна Гора, а дека најмногу страдаат пациентите над 65 години кои не се вакцинирани.

Варијанта на коронавирусот БA.2.86, која има голем број мутации, досега се појави во четири земји – САД, Велика Британија, Данска и Израел.

АКО БУКНЕ КОРОНАТА, ТОГАШ ЌЕ МУ ЈА МИСЛАТ Нема резерви од лекот „паксловид“, а за набавка ќе се чека 5 до 12

 

Поврзани содржини