Фаучи: Вакцините во САД масовно ќе бидат достапни во април

Фаучи ја базираше својата прогноза на претстојните испораки на двете вакцини одобрени од САД, можноста за одобрување на трета вакцина, и мерките преземени од администрацијата на Бајден за зголемување на капацитетот за снабдување со вакцини.

346

Вакцините против ковид-19 во САД ќе бидат широко достапни во април, најави денеска водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи.

Доктор р Фаучи тврди дека залихите ќе се зголемат, со што повеќе луѓе ќе можат да се имунизираат.






Пропорцијата на вакцинирани против ковид-19 значително ќе се зголеми во наредните месеци, изјави тој за американската телевизија Ен-Би-Си.

Фаучи ја базираше својата прогноза на претстојните испораки на двете вакцини одобрени од САД, можноста за одобрување на трета вакцина, и мерките преземени од администрацијата на Бајден за зголемување на капацитетот за снабдување со вакцини.

– Чисто логистички, ќе бидат потребни уште неколку месеци за да се имунизираат возрасните Американци – рече директорот на Националниот институт за алергии и заразни болести на САД. Тој предвидува дека таканаречениот колективен имунитет во САД може да се постигне до крајот на летото.

САД се најтешко погодени од пандемијата, и се на првото место во светот по бројот на заразени со новиот коронавирус (над 27 милиони и 200 илјади) и смртни случаи – речиси 472 илјади, покажуваат податоците на универзитетот Џонс Хопкинс.

Поврзани содржини