Фаучи: Повикот за моето разрешување е „дел од играта“
Тој е на мета на критичарите преку Интернет кои не се задоволни од неговите препораки да продолжат со социјалното дистанцирање со цел да го забават ширењето на коронавирусот.
Д-р Ентони Фаучи, клучен член на работната група за коронавирусот во Белата куќа, изјави во понеделникот вечер дека повиците за негово разрешување се „дел од играта“ бидејќи тој продолжува да ги поттикнува Американците да практикуваат социјално дистанцирање.
Фаучи е на мета на критичарите преку Интернет кои не се задоволни од неговите препораки да продолжат со социјалното дистанцирање со цел да го забават ширењето на коронавирусот.
Претседателот Доналд Трамп внесе живот во овие поплаки, кога напави „ретвит“ на индивидуата која го користеше хаштагот „#FireFauci“, иако Претседателот истакна дека не планира да го разреши врвниот стручњак за заразни болести кој е дел од работната група за коронавирусот.
– Има луѓе што не се согласуваат со мене. Некои од нив, прилично се насилни од многу аспекти, знаете, велејќи ми дека сум луд, отпуштете го Фаучи, направете го ова, сторете го тоа. Ова е дел од играта“ – изјави Фаучи во емисијата „Cuomo Prime Time“ на „CNN“.
– Јас само ќе продолжам да ви ги давам информациите што сметам дека се неопходни за да се донесат решенија за кои сметам дека се прудентни одлуки – додава тој.
Неговите коментари доаѓаат во време кога повеќе држави ги олабавуваат мерките за карантин, што ги наведува истражувачите да предвидат нагло зголемување на бројот на починати од вирусот во текот на ова лето. Експертите за јавно здравје, вклучително и Фаучи, постојано ги нагласуваат опасностите од прераното олабавување на мерките за социјално растојание.
– Чувствувам дека имам морална обврска да ги дадам овој вид на информации што ги давам – рече тој во понеделникот.
– Луѓето треба да направат свој избор, не можам буквално никого од луѓето да принудам под секоја околност, да го сторат она што сметаат дека е најдобро – додава Фаучи.
Тој постојано добива критики од сојузниците на Претседателот во конзервативните медиуми за неговата подготвеност директно да го побие Трамп и да се спротивстави на неговата пооптимистичка реторика за пандемијата. Меѓу нив беше и конзервативецот кој повика Фаучи да биде отпуштен, откако рече во интервјуто за „CNN“ дека можело да се стори повеќе за да се спречи ширењето на коронавирусот.