Фаучи: Од јануари немам слободен ден, работам 18 часа на ден, седум дена во неделата

Тој денес го слави својот 80-ти роденден, но вели дека ќе ја прекине традицијата и дека нема да го помине со неговите три ќерки.

523

Директорот на Американскиот национален институт за алергија и инфективни болести, д-р Ентони Фаучи, изјави денес дека работи 18 часа на ден, седум дена во неделата.

– Немам ниту еден слободен ден од средината на јануари оваа година – изјави Фаучи за „CNN“.






Фаучи денес го слави својот 80-ти роденден, но вели дека ќе ја прекине традицијата и дека нема да го помине со неговите три ќерки.

– Дефинитивно се чувствувам тажно – рече Фаучи.

– Ова е прв Божик и мој роденден што не сум го поминал со моите ќерки откако се родија – потенцира тој.

– Да се ​​надеваме дека следната година, во ова време, ќе имаме прослава со многу прегратки, што не можеме да го направиме тоа во моментов – додаде Фаучи.

Поврзани содржини