Фаучи: Најлошото допрва претстои во борбата против ковид-19

1,134

Главниот американски имунолог Ентони Фаучи изрази загриженост дека најлошите денови во САД во борбата против коронавирусот можеби допрва претстојат.

Тој, истовремено, се согласи со новоизбраниот претседател Џо Бајден, кој истакна дека претстојат „најмрачните денови“ во борбата против ковид-19.






– Причината зошто колегите и јас сме загрижени е тоа што е можно да имаме пораст на бројот на заболени кога ќе завршат новогодишните празници, и како што опишав, тоа би можело да биде зголемување по зголемување. Ако го погледнете трендот кој го имавме кон крајот на есента и почетокот на зимата, делува навистина проблематично -порача Фаучи.

Тој додаде дека САД се наоѓаат во „критичен момент“.

– Затоа ја делам загриженоста со новоизбраниот претседател Бајден дека во следните неколку недели ситуацијата би можела да биде уште полоша – нагласи Фаучи.

Поврзани содржини