Фаучи: Луѓето и по вакцинацијата против коронавирусот треба да носат маски и да држат дистанца
Антони Фаучи, водечкиот стручњак на американската влада за заразни болести, ги предупреди Американците откако фармацевтската компанија Модерна објави дека нивната вакцина е ефикасна дури 95 отсто.
Фаучи во интервју за CNN изјавил дека било која вакцина против ковид-19 ќе биде дополнителен слој на заштита.
– Секако, со вакцината која има ефикасност повеќе од 90 отсто може да се чувствуваме многу подобро. Но, сепак би им препорачал на луѓето, откако ќе се вакцинираат да не ги отфрлат останатите јавноздравствени мерки како што се миење на рацете, носење маска и држење дистанца – рекол Фаучи.