ФАТМИР МЕЏИТИ РАЗРЕШЕН ОД ДИРЕКТОР НА НЕВРОЛОГИЈА Кузмановски ја презема клиниката, Петкоска назначена на чело на Кардиологија

2,608

Фатмир Меџити е разрешен од функцијата директор на Универзитетската клиника за неврологија во четвртокот, потврдија за Плусинфо од Министерството за здравство. Нов директор е професор доктор Игор Кузмановски.

Кузмановски е роден во 1972 година во Скопје. Вработен е на Клиниката за неврологија од 1996 година. Завршил на Медицинскиот факултет на државниот универзитет во Скопје со просечна оцена 9,12, а специјалистичкиот испит по Неврологија го положил во 2002 година. Докторирал во 2016 година и е актуелен професор на Медицинскиот факултет во Скопје.






Промени има и на Универзитетската клиника за кардиологија, каде што нов директор е д-р Даница Петкоска Спирова. Таа е истакнат субспецијалист кардиолог со експертиза во напредна трансторакална и трансезофагеална ехокардиографија, како и дуплекс ехосонографија на каротидните артерии. Дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје во 2007 година, а докторирала во областа на инвазивни техники за третман на каротидната артериска болест.

Своите вештини ги усовршувала во матичната установа и при престои во реномирани светски кардиолошки центри. Од 2011 година е вработена на Клиниката за кардиологија, каде што ги применува своите напредни дијагностички и терапевтски вештини. Има бројни научни публикации во списанија со висок импакт фактор и е учесник во меѓународни научни студии од областа на кардиологијата.

Поврзани содржини