ФАТМИР ДЕХАРИ СЕКСУАЛНО СЕ ИЗЖИВУВАЛ СО ЖЕНИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО ОПШТИНАТА! По овие аудио-снимки, градоначалникот на Кичево мора да си поднесе оставка, вели пратеничката Ангелова

Дали жените од ДУИ ќе реагираат на ова? Дали дискриминаторска комисија ќе отвори случај за ваквиот полов дискриминирачки однос? Дали Али Ахмети ќе го толерира својот миленик кој се изживува со жените вработени во општината – праша пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ.

6,349

Во медиумите излегоа аудио снимки од кои се слуша како Фатмир Дехари, наместо да биде градоначалник и да ја користи општина Кичево за добробит на граѓаните, тој сексуално ги малтретира и се изживува врз вработените – рече денеска на прес конференција Емилија Ангелова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

– Овие снимки се скандалозни, а односот на Дехари на нив понижувачки за секоја жена. Ова не е само навреда кон жените во општина Кичево, туку и кон сите жени во Македонија – без разлика дали се Албанки, Македонки, Турчинки, Влаинки или од која било друга заедница. Ова е срам за целиот наш мултиетнички мозаик, за секое семејство што воспитува ќерки со почит, труд и достоинство.






Ваквото однесување не е дел ниту од една култура, ниту од верата, ниту од традицијата. Тоа е срам и мора да биде осудено од сите: и Албанци и Македонци и секој чесен граѓанин на Кичево, односно на Македонија – рече Ангелова.

Пратеничката велки дека од аудио-снимките се слуша како жените вработени во општина Кичево се принудувани да го бакнуваат градоначалникот Дехари, и со големо гадење да кажат дека му седнуваат в скут.

– Ова е скандал, и изживување врз цел еден колектив и сите жени. Зарем до тој степен е падната ДУИ, па за вакви луѓе води кампања за повторен мандат? Дали традицијата и почитта кон жената за ДУИ се небитни? Која е пораката до сите жени и до семејствата – праша пратеничката Ангелова.

Според Ангелова, овој скандал не треба да се премолчи и да се толерира – Дехари мора да си поднесе неотповиклива оставка и да се повлече од политиката.

Таа исто така праша дали жените од ДУИ ќе реагираат на овој скандал, дали антидискриминаторската комисија ќе отвори случај за полов дискриминирачки однос и дали лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе го толерира, како што рече, својот миленик кој се изживува со жените вработени во општината.

Емилија Ангелова (Фото: ВМРО-ДПМНЕ)

– Ова не смее да помине без широка општествена осуда. Ова не е 18 и 19 век, жените не се робинки или нечија сопственост, тие се нечии мајки, ќерки, жени, деца. Ниту тие, ниту нивните семејства го заслужуваат ова. Ги повикуваме сите партии да реагираат, сите институции, здруженија за заштита на жените, но пред сè ЈО за организиран криминал, најблискиот другар на Ахмети да даде став – рече пратеничката од Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно повеќе портали пренесоа аудио-снимки објавени на Фејсбук-профилот на извесен Ел Чека, на кои наводно се слуша гласот на градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари, додека на албански јазик води непристојни разговори со жени вработени во општината.

Поврзани содржини