ФАТИМА БОШ НЕГИРА ДЕКА НЕЈЗИНАТА ПОБЕДА Е НАМЕСТЕНА Можеби во Волмарт можете да купите круна, но, не во Мис Универзум
Во ексклузивно интервју со ABC7, Мис Универзум 2025 Фатима Бош конечно им се спротивстави на обвинувањата дека нејзината победа била наместена, велејќи дека тие биле резултат на „кампања на омраза“.
Мис Универзум 2025 Фатима Бош конечно ги исправи работите во однос на обвинувањата дека нејзината победа била наместена, велејќи дека тие биле резултат на „кампања на омраза“.
Во ексклузивно интервју за ABC7, мексиканската кралица на убавината ја бранеше својата круна, велејќи дека не победила поради наводните деловни врски на нејзиниот татко со претседателот на Организацијата за Мис Универзум, Раул Роча.
Бош одговараше на тврдењата на француско-либанскиот музичар Омар Харфуш, поради кои тој велеше дека се откажал од функцијата член на жирито на Мис Универзум само неколку дена пред големото финале.
– Тие ја прават оваа кампања на омраза. Мојот татко нема никаква врска со организацијата – вели таа.
Убавицата додава: Лудо е, како ќе купите круна? Можеби во Волмарт можете да купите круна, да. Но, не во Мис Универзум, сигурно.
Бош, која беше крунисана во Тајланд на 21 ноември минатата година, претходно изјави на социјалните мрежи дека „нема да се повлече“ и покрај целата омраза што ја доби.
Дури и пред ноќта на крунисувањето, таа беше предмет на контроверзии поради нејзината жестока расправа со директорот на тајландскиот избор за убавина Нават Ицарагрисил, кој веќе се извини за неговиот испад.
Кога ја прашаа дали мисли дека круната на Мис Универзум е нејзина „награда“ поради тоа што истапи и проговори, Бош одговори: Секако дека не. Вложувам ист напор како и сите натпреварувачки на изборот за убавина.
Таа продолжи да ги негира гласините дека размислува да се откаже од својата титула.
– Никогаш нема да се откажам од оваа круна. Не сум тука за слава или манекенство или барање сопруг. Јас сум тука затоа што Бог ставил цел во моето срце. Имам мисија и ќе ја извршувам цела година – вели кралицата на убавината, која го нарече својот момент на крунисување на Мис Универзум „остварен сон“.