Фатени за рачиња, дечиња маскирани како „101 далматинец“ прошетаа низ Карпош (ВИДЕО)

Додека шетаа со своите воспитувачки, дечињата не можеа да ја скријат својата гордост дека навистина се центар на вниманието, па весело и гласно не поздравуваа и ни посакаа убав ден.

901

Денот на шегата, 1 април оваа година доби нова димензија и си го оправда мислењето помеѓу народот дека важи за највесел и најсмешен ден во годината.

Низ улиците на Карпош, дечињата од градинката „Светот на Колорес“ шетаа маскирани во безвременскиот цртан филм „101 далматинец“ и го разубавија денот на сите случајни минувачи со своите креативни костими, со насмeаните и весели лица и секако со својата уникатност.






Додека шетаа со своите воспитувачки, дечињата не можеа да ја скријат својата гордост дека навистина се центар на вниманието, па весело и гласно не поздравуваа и ни посакаа убав ден.

Голема благодарност до овие дечиња кои ни го разубавија денот и не потсетија колку малку е потребно за среќа, а на тимот на градинката им посакуваме успешна работа и го поздравуваме овој проект кој несомнено е позитива на денот!

Поврзани содржини