🎥📷 ФАТЕНИ ВО НЕЗГОДЕН МОМЕНТ… Хајди Клум со сопругот ужива во Венеција

Хајди Клум на социјалните мрежи објави видео од семејната обиколка на Венеција, а папараците што ги следат на секој чекор, „уловиле“ интересен моментот додека славната двојката се качува во гондола.

536

Супермоделот Хајди Клум (51) ужива во одморот со својот сопруг, музичарот Том Каулиц (34). Парот моментално се наоѓа во Венеција, каде што се фотографирани додека се возат со гондола.

Хајди и Том не се сами на одмор. Со нив е и братот близнак на Том, Бил Каулиц, кој ги придружува во обилколката на познатиот италијански град.






Папараците ја следат славната двојка на секој чекор. За време на нивниот престој во Венеција „уловиле“ и еден незгоден момент кога манекенката и нејзиниот сопруг се движеле кон гондолата, а Том ја тапкал Хајди по задникот.

Хајди на Инстаграм објави видео од одморот во Венеција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

Покрај Бил, парот во Италија го донел и остатокот од семејството, вклучувајќи ја и ќерката на Хајди, Лени Клум и нејзиното момче Арис Рачевски.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

Поврзани содржини