ФАТЕНИ ТРОЈЦА БЕГАЛЦИ ОД ЗАТВОРСКА КАЗНА ВО ЕДЕН ДЕН Тетовската полиција имаше полни раце работа

Ш.С. од селото Требош бил фатен во Желино околу 10 часот, врз основа на потерница за кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик.

207

Тројца бегалци од правдата биле лоцирани и приведени во еден ден од тетовската полиција, а сите веќе се пренесени во затворот во Тетово, информираше Министерството за внатрешни работи.

Ш.С. од село Требош бил фатен во Желино околу 10 часот, врз основа на потерница за кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик.






Истиот ден, 35-годишниот И.А. од Расадиште бил приведен во своето родно село околу 20 часот, исто така по наредба за казна затвор според истиот член од законикот.

Половина час подоцна, во Горно Седларце бил уапсен и Б.З. (42), кој бил баран за дело по член 144 од Кривичниот законик.

 

Поврзани содржини