ФАТЕНИ СО АВТОМОБИЛ ПОЛН СО КАБЛИ Обвинение за тројца крадци од Железара

Тројца осомничени биле откриени додека се обидувале да изнесат украдени кабли од кругот на Железара, а штетата се проценува на стотици илјади денари.

242

Тројца осомничени се соочуваат со обвинение за кражба на кабли од кругот на Железара, откако биле фатени додека се обидувале да го напуштат просторот со натоварен автомобил.

Според Основното јавно обвинителство Скопје, кражбата се случила во првите денови од март, кога осомничените одзеле повеќе видови кабли во вредност од околу 196.500 денари. Каблите биле сопственост на фирма од Кавадарци.






При кражбата бил оштетен и кабел кој бил дел од јавна електрична инсталација, со проценета вредност од околу 800.000 денари.

Осомничените ги натовариле каблите во автомобил и се обиделе да ги изнесат од кругот на фабриката, но биле откриени и приведени на лице место.

Обвинителството бара еден од тројцата да остане во притвор, додека за другите двајца веќе се определени мерки на претпазливост до завршување на постапката.

Поврзани содржини