ФАТЕНИ РИБОКРАДЦИ СО 60 КИЛОГРАМИ КРАП Уапсени 4 лица од Албанија за незаконит влез и риболов

Четворица државјани на Албанија се приведени кај Преспанското Езеро поради незаконит риболов и нелегален премин на границата. Пронајден е улов од 60 килограми крап.

3

Четворица државјани на Албанија се приведени рано утринава на подрачјето на Преспанското Езеро, откако биле затекнати при незаконит риболов во период кога е на сила забрана за риболов во езерото.

Инцидентот се случил денеска (29.05.2026) околу 05:00 часот, кога полициски службеници од Регионалниот центар Запад ги забележале лицата во водите на езерото.






Според информациите од надлежните, при проверките било утврдено дека четворицата не само што вршеле незаконит риболов, туку и нелегално ја преминале државната граница.

На местото на настанот била пронајдена поголема количина уловена риба – крап со вкупна тежина од околу 60 килограми.

Лицата се приведени, а по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Случајот дополнително го обработуваат надлежните служби, кои утврдуваат сите околности околу нелегалниот влез и риболов во заштитеното подрачје.

Поврзани содржини