Фатени неколку дилери на марихуана, пазарел со лажни евра
Тешко повредени мотоциклист и сопатничка кај Маврово.
МУ ПРОНАШЛЕ МАРИХУАНА ВО ЏЕБОТ – На 15.09.2020 во 23.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на регионалниот пат Скопје-Велес го лишиле од слобода Д.Д.(27) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
И ВО НЕГО И ВО ВОЗИЛОТО ИМАЛ МАРИХУАНА – На 15.09.2020 околу 15.20 часот на наплатната станица Желино, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Р.(34) од Тетово, затоа што при негов и преглед на возилото „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувал, била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ ВО ТЕТОВО БИЛА НАЈДЕНА МАРИХУАНА – На 15.09.2020 околу 19.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Г.Р.(43) од тетовска Мала Речица и М.С.(21) од Скопје, затоа што при претрес извршен со судска наредба во неговите куќа и стан во Мала Речица и на ул.„Илинденска“ во Тетово биле пронајдени марихуана, метална дробилка, ризла и зипер ќесиња. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
ДВАЈЦА ГРЦИ ФАТЕНИ СО ПЕТ ЌЕСИ МАРИХУАНА – На 15.09.2020 во 09.00 часот на Граничниот премин „Табановце“, за влез во Р.С. Македонија се пријавило товарно возило „сканија“, со холандски национални ознаки, управувано од Г.В.(32) и совозач И.Т.(32), двајцата државјани на Р.Грција. При детална контрола од царинските служби, во личниот багаж на возачот и совозачот биле пронајдени по пет ќесиња со марихуана. Двајцата биле задржани во полициска станица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ГО ФАТИЛЕ И ГО ОДНЕЛЕ НА ОТСЛУЖУВАЊЕ ЗАТВОРСКА КАЗНА – На 15.09.2020 околу 08.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, го привеле Д.Т.(69) од тетовско Церово, осуден на затворска казна за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. По приведувањето, Д.Т. бил спроведен во Казнено-поправната установа затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.
ПАЗАРЕЛ СО ФАЛСИФИКУВАНИ ЕВРА – На 15.09.2020 околу 10.40 часот, полициски службеници на СВР Tетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода А.С.(54) од гостиварско Чегране, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „фалсификување пари“. Toj, во три наврати во аптека и два маркета, пуштил во оптек фалсификувани банкноти од 50 евра. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против А.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.
УДРИЛ ВО БРЕГ И ПОЧИНАЛ НА ПАТ КОН БОЛНИЦА – На 15.09.2020 во 11.50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Делчево -Кочани, во атар на с.Драмче, делчевско, кај место викано „В’ко“, товарно возило „форд транзит“, со кочански регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(63) од општина Чешиново-Облешево, удрило во брег покрај патот. Возачот починал при транспорт кон Медицинскиот центар Кочани. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Делчево.
ЗАРАБОТИЛ ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ ОТКАКО ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ – На 15.09.2020 во 15.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп– Крушево патничко возило „ауди“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(51) од с.Бучин, крушевско, излетало од коловозот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
КАЈ МАВРОВО ПОВРЕДЕНИ МОТОЦИКЛИСТ И СОПАТНИЧКА – На 15.09.2020 околу 17.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Мавровска крстосница-Маврови Анови, во близина на Врбенски манастир, мотоцикл „хонда“, со швајцарски регистарски ознаки, управуван Б.Н.(38) од гостиварско Чегране, а на кој се превезувала и 26-годишната И.И. од Република Албанија, излетал од коловозот. Мотоциклистот и сопатничката се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде биле пренесени за укажување лекарска помош. Извршен бил увид.
ФАТЕН АЛБАНЕЦ КОЈ НЕЛЕГАЛНО ЈА ПРЕМИНАЛ ГРАНИЦАТА – На 15.09.2020 во 14.30 часот во с.Горна Бошава, кавадаречко, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Михајлово“ привеле лице кое не поседувало документи за идентификација, а се преставило како албански државјанин. Набрзо бил утврден неговиот идентитет, односно станува збор за А.М.(53) од Р.Албанија, кој при извршениот разговор изјавил дека државната граница од Р.Албанија кон Р.С.Македонија илегално ја преминал во близина на Граничниот премин Ќафасан, по што илегално престојувал во Р.С.Македонија. Тој бил предаден на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ за понатамошна постапка.