ФАТЕНИ ДВАЈЦА КРАДЦИ ВО СКОПЈЕ Го товареле украденото во „поло“ со гостиварски таблички

По документирање на случајот, како што информираат од МВР, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

131

Полициски службеници од СВР Скопје денеска во 14.10 часот во кругот на фабриката на ул.„Владимир Полежановски” ги лишија од слобода Е.А.(31) и С.А.(43), двајцата од Скопје. Тие биле фатени на дело како во патничко моторно возило „поло” со гостиварски регистарски ознаки го товараат украденото, соопшти Министерството за внатрешни работи.

По документирање на случајот, како што информираат од МВР, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани содржини