ФАТЕНИ 5 МИГРАНТИ ОД ЕГИПЕТ Криумчарот е уапсен, му следи пријава
Мигрантите се спроведени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.
Синоќа околу 20:30 часот на местото наречено „Нова петља“ во Гевгелија полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен назор Богородица го уапсија Р. Р. (28) од село Копаница, скопско, откако во неговото возило „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Египет.
Мигрантите се спроведени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, а по целосно документирање на случајот, против Р.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.