ФАТЕНА ВО ЛАГА Кајли Џенер поминувала покрај телата на жрвите на концертот и се криела! (ФОТО)
Кајли набрзо по овој концерт, објави на својот инстаграм-профил опширен пост, во кој, меѓу другото, нагласи дека не била свесна што се случува.
Ријалити ѕвездата Кајли Џенер, инаку девојка на Травис Скот, на чиј концерт „Астроворлд“ во Хјустон на 6 ноември се случи страотниот инцидент, кога во стампедо починаа осум лица, е фатена во лага.
Кајли набрзо по овој концерт, објави на својот инстаграм-профил опширен пост, во кој, меѓу другото, нагласи дека не била свесна што се случува, туку дека за инцидентот дознала дури по завршувањето на концертот.
Иако Кајли тврдеше дека за несреќата дознала дури по концертот, очевидци го тврдат спротивното. Тие велат дека ја виделе Кајли со нејзината сестра, топмоделот Кендал во целиот хаос, но дека се обиделе да го сокријат идентитетот додека поминувале покрај телата на жртвите.
„Кендал и Кајли околу себе имаа шест телохранители. Откако се случи трагедијата, сестрите поминаа покрај телата на настраданите и луѓето кои ги реанимираа. Ги спуштија главите и се трудеа никој да не им ги види лицата и се покрија за никој да не ја види нивната реакција. Носеа маски и качулки. Еден маж беше изнесен со носилка пред нив“, раскажал извор за британските медиуми.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм