ФАТЕН ВО БЕГСТВО Сменетиот претседател на Нигер се обидел да побегне заедно со готвачите

Портпаролот на Армијата кој ја презеде власта во Нигер, соопшти дека сменетиот претседател Мохамед Базум се обидел да избега од куќен притвор и дека бил спречен во обидот.

312

Воената хунта во Нигер објави дека го спречила обидот на сменетиот претседател Мохамед Базум да избега од притвор.

Портпаролот на Армијата кој ја презеде власта во земјата изјави дека Базум се обидел да избега во текот на ноќта со семејството, готвачите и обезбедувањето, пренесува Би-Би-Си.






-Имаше планови групата да одлета со хеликоптери, но планот беше спречен – рече портпаролот додавајќи дека „главните актери и некои од соучесниците“ се уапсени.

Базум е во домашен притвор откако членовите на неговата претседателска гарда извршија државен удар на крајот на јули и ја презедоа власта во земјата.

Поврзани содржини