📽️ ФАТЕН СРБИН СО „РОЛЕКС“ И „ОМЕГА“ ВРЕДНИ БОГАТСТВО Царината спречи шверц на три луксузни часовници

Луксузни часовници во вредност од 38.000 евра сокриени во ранец, откриени на Табановце.

374

Царинските службеници на граничниот премин Табановце – Прешево спречија обид за криумчарење на три луксузни часовници во вкупна вредност од 2,34 милиони денари, односно 38 илјади евра. Српски државјанин се обидел да ги внесе непријавени во земјава, но бил откриен при детална контрола.

Станува збор за два „Rolex“ модели – Submariner и Sky-Dweller, како и еден „Omega Speedmaster“, кои биле сокриени во мала кожна кутија во ранецот на патникот. Лицето патувало со автомобил со српски регистарски таблички, а намерно се обидело да ја избегне царинската контрола.






„Со внимателна и детална проверка, нашите службеници успеаја да спречат криумчарење на високо вредни предмети. Овој случај е уште една потврда за посветеноста и професионалноста на царинската служба во заштита на државниот интерес и финансискиот систем“, информираат од Царинската управа.

Запленетите часовници се предадени на Основното јавно обвинителство Куманово, а против лицето е поднесена кривична пријава за криумчарење.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Поврзани содржини