ФАТЕН СО НЕВЕРОЈАТНИ 2,82 ПРОМИЛИ ВО КРВТА Полицијата приведен пијан возач од Македонски Брод

Против С.В. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.

416

Полицијата во Македонски Брод приведе 56-годишен возач со неверојатни 2,82 промили алкохол во крвта, откако бил затекнат додека управувал возило во алкохолизирана состојба.

Инцидентот се случил на 28 април 2025 година околу 20:03 часот, кога полициски службеници од ОВР Македонски Брод, при редовна сообраќајна контрола на патот кон селото Манастирец, го сопреле возилото „опел“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од лицето С.В. (56) од истиот град.






По извршената проверка и тестирање, било утврдено дека возачот е под дејство на алкохол, со измерено присуство од дури 2,82 промили алкохол во крвта, што претставува сериозна опасност за сообраќајната безбедност.

„Возачот веднаш беше исклучен од сообраќај и задржан во полициската станица. Со ваквите дејствија ја заштитуваме безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Нема да дозволиме несовесни поединци да го загрозуваат животот на останатите граѓани“, изјавија од СВР Велес.

Против С.В. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Поврзани содржини