ФАТЕН СО ЛАЖНИ 100 ДОЛАРИ Полицијата во домот на скопјанец пронајде фалсификувани 396.200 долари

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.М.(22) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 10.11.2021 во Велес во продажен објект, пријавениот употребил фалсификувана банкнота од 100 американски долари, велат од МВР.

554

СВР Велес поднела кривична пријава против скопјанец поради употреба на фалсификувани пари во продажен објект во Велес, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– СВР Велес поднесе кривична пријава против М.М.(22) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 10.11.2021 во Велес во продажен објект, пријавениот употребил фалсификувана банкнота од 100 американски долари. На 25.11.2021 полициски службеници извршиле претрес во просторија која ја користел пријавениот, при што биле пронајдени сомнителни банкноти во износ од 396.200 американски долари во апоени од 100 долари – посочуваат од МВР.

Поврзани содржини