ФАТЕН ПО 11 ДЕНА БЕГСТВО Мотоциклист удри пензионер во Велес и избега, полицијата го уапси

Приведен мотоциклист од Раштани кој удри пешак и побегна, жртвата е 79-годишен велешанец

136

Полициски службеници од СВР Велес вчера во 19:40 часот го лишиле од слобода 21-годишниот В.Н. од село Раштани, кој е осомничен дека предизвикал сообраќајна несреќа и избегал од местото на настанот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 26 јуни 2025 година на улицата 8 Септември во Велес, кога осомничениот, управувајќи мотоцикл, удрил во 79-годишниот пешак П.З. од Велес и веднаш избегал, оставајќи го повредениот човек на улица.






Пешакот бил пренесен во Општата болница во Велес каде му биле констатирани телесни повреди. По повеќедневна потрага и преземени оперативни мерки, В.Н. бил лоциран, пронајден и приведен во полициска станица.

Од МВР информираат дека случајот е пријавен кај надлежен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против 21-годишникот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани содржини