ФАТЕН НА ДЕЛО ВО ОХРИДСКО ЕЗЕРО Албанец илегално влегол и ловел риба, полицијата му го одзеде чамецот
Како што соопшти МВР, судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид, на албанскиот државјанин му одредил мерка „Краткотраен притвор“.
Во водите на Охридското езеро, рано изутрината во 04.35 часот полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, од слобода го лишиле албанскиот државјанин К.С.(47) поради постоење основи на сомнение за „Илегално преминување на државната граница“ и „Незаконит риболов“.
Како што соопшти МВР, судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид, поради тоа му одредил мерка „Краткотраен притвор“.
– При вршење патролни контролни активности на Охридското езеро, полициските службеници го затекнаа К.С. во неговиот пловен објект во македонските територијални води над населбата Лагадин, како врши незаконит риболов во водите на Охридското eзеро со помош на блинкери и по извршен преглед, пронајдени се 22 топки со 110 блинкери и друг риболовен алат кои, заедно со пловилото се одземени. По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави – рекоа од полицијата.