ФАТЕН НА ДЕЛО КАКО ПАЛИ ОГАН Маж кај Глумово запали ѓубре до штала полна со добиток

Полицијата го затекнала на дело, гореле ѓубриште и трева покрај штала со добиток.

565

Утрово на автопатот Скопје – Тетово, кога граѓани пријавиле дека непознато лице потпалува пожар веднаш по наплатната станица Глумово. Околу 08:00 часот, полициски службеници реагирале веднаш и на терен затекнале 59-годишен маж, жител на селото Арнакија, како пали ѓубриште и сува трева во непосредна близина на штала со добиток.

Мажот, идентификуван како Р.З. (59) од општина Сарај, бил фатен во моментот на извршување на делото и веднаш лишен од слобода, а пожарот е навремено локализиран и изгаснат од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.






Среќа во несреќа е што не се проширил огнот, кој лесно можел да ги загрози блиските објекти и животни во шталата. Р.З. бил приведен во полициска станица, а по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Од МВР потврдуваат дека истрагата е во тек, а случајот се води како предизвикување опасност од пожар.

Поврзани содржини