ФАТЕН КАКО КРАДЕ НАФТА ОД ШКОЛО Приведен скопјанец во Сандево, нафтата вратена
Човекот бил затекнат во дворно место од основно училиште во селото Сандево, Скопско, како од резервоарот за нафта одзема нафта.
Лишено од слобода е лице од скопско Мирковци, кое било фатено како краде нафта од училиште, соопшти полицијата.
На 06.10.2025 година во 21:25 часот полициски службеници го лишиле од слобода А.Ш. (41) од Скопје.
Тој бил затекнат во дворно место од основно училиште во селото Сандево, Скопско, како од резервоарот за нафта одзема нафта.
Нафтата е вратена на одговорното лице од училиштето, извршен е увид и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.