ФАТЕН Е ЗАКАНУВАЧОТ НА ДАНЕЛА Поминал со автомобил покрај градоначалничката и почнал да ѝ се заканува

„Во разговорот тој потврдил дека поминал со возилото, но дека не упатил закани. Исто така, тој изјавил дека се обидел да снима со телефон, но не успеал. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во полициското соопштение.

1,609

Вчера, понеделник, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со С.А.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во неделата на булеварот Словенија преку отворен прозорец на возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, упатил закани кон Д.А., градоначалничка на Скопје.

„Во разговорот тој потврдил дека поминал со возилото, но дека не упатил закани. Исто така, тој изјавил дека се обидел да снима со телефон, но не успеал. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во полициското соопштение.

Поврзани содржини