ФАТЕН ДЕБРАНЕЦ КАКО ПАЛИ НИВА Опожарени биле багремови и дабови дрвја
Противпожарната патролата веднаш пристапила кон гаснење на пожарот, со кој биле зафатени дабови и багремови дрвја, како и ниско стеблеста вегетација.
Во дебарската полиција е приведен шеесетгодишен дебранец кој на самото место е затекнат кај опожарена нива во атарот на дебарското село Бомово, информира МВР.
Противпожарната патролата веднаш пристапила кон гаснење на пожарот, со кој биле зафатени дабови и багремови дрвја, како и ниско стеблеста вегетација. Во координација со Јавен обвинител, Б.М. е задржан во полициската станица и против него ќе биде поднесена пријава – велат од МВР.