Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во Кавадарци, во врска на најавите за поставени екплозивни направи во неколку училишта во Кавадарци, рече дека целиот случај е расчистен.
– Во однос на ова прашање за закани за поставени бомби во Кавадрци, кои секако ги вознемирија граѓаните, можам да кажам дека целосно е расчистен случајот. Денеска се поднесува кривична пријава до соодветното Јавно обвинителство, така што откриен е сторителот и затворен е целиот случај – информираше министерот Спасовски.