ФАТАЛНА СЛИЧНОСТ СО ШЕФ НА МАФИЈА Британец по грешка од ресторан завршил во холандски затвор
Полицијата била уверена дека тој всушност е шеф на сицилијанска мафија, Матео Месини Денаро, по кој има потерница уште од 1993 година поради бомбашки напад во кој загинале 10 луѓе, а 93 биле повредени, пишува Дејли Мејл.
Маж од Ливерпул бил уапсен бидејќи холандската полиција била уверена дека тој е шеф на мафија.
Идентификуван само како Марк Л. 54-годишникот ја посетил Холандија за да гледа Грнд при кога полицијата го уапсила додека вечерал во ресторан.
Му ги врзале очите и со максимално обезбедување тој е префрлен во затвор.
Полицијата била уверена дека тој всушност е шеф на сицилијанска мафија, Матео Месини Денаро, по кој има потерница уште од 1993 година поради бомбашки напад во кој загинале 10 луѓе, а 93 биле повредени, пишува Дејли Мејл.
Марк Л. Пуштен е од затвор четири дена подоцна, а полицијата ја признала грешката. Неговиот адвокат, Ван Клиф, за локалните вести изјавил:
Ќе паднам од столче ако тој навистина е најбараниот мафијаш.
– Веднаш штом го изговори првиот збор, веднаш знаев дека е Британец кога го слушнав неговиот англиски акцент. Замислете дека во еден момент сте на вечера, а следниот седите во холандски затвор со максимално обезбедување – вели адвокатот.
На мафијашот му е судено во отсуство и осуден е на доживотен затвор во мај 2002 година поради неговата улога во бомбашките напади во 1993 година.