📷 ФАТАЛНА РУСОКОСА ЌЕ ЈА ЗАМЕНИ САЊА КУЖЕТ ВО „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“ Откриено која ќе биде новата водителка
Водителката на српското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ Сања Кужет наскоро ќе замине на породилно со оглед на тоа дека ќе се породи во јуни.
Водителката на српското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ Сања Кужет наскоро ќе замине на породилно со оглед на тоа дека ќе се породи во јуни.
Се шпекулира дека на нејзиното место ќе дојде водителката на „Пинк“, Бојана Лазиќ.
View this post on Instagram
Инаку, атрактивната Бојана долги години е ТВ-лице, а сега работи на еден од најгледаните проекти на „Пинк“, во рамките на емисијата „Премиера“.
– Кога таа му ја соопшти на Саша Поповиќ радосната вест, тој веднаш почна да размислува кој би можел да ја замени Сања. Бојана работеше за Саша во „Гранд“ и тој е презадоволен од неа, па сега се шпекулира дека преговара со неа за нов ангажман. Сè уште се чува во строга тајност, но таа има најголема шанса да ја замени Сања – вели извор близок до Поповиќ.
View this post on Instagram
По овој повод се огласила и Бојана, која не ги демантирала овие наводи.
– Емисијата „Премиер викенд специјал“ и „Ѕвездите на Гранд“ се на иста телевизија, па би била добитна комбинација. Ќе видиме – кратко изјавила Бојана за српска „Република“.
Да потсетиме, Сања Кужет од првиот брак го има синот Андрија кој има 14 години, а синот Страхиња го доби пред шест години со сегашниот сопруг. Многумина беа изненадени од нејзината бременост со оглед на тоа што во август наполни 40 години, но Сања сакала да роди уште едно дете.
ФОТО: Инстаграм