ФАТАЛЕН ПАД ОД ТРАКТОР Жител на Зајас пронајден мртов под возилото

Тракторска несреќа во кичевското село Зајас завршила со трагичен исход. 52-годишен маж загинал откако изгубил контрола врз машината, а лекар констатирал смрт без траги на насилство.

128

52-годишниот Џ.М. од Зајас бил пронајден мртов под неговиот трактор, информираат од ОВР Кичево.

„Во нашето полициско одделение е пријавено дека на шумски пат во атарот на Зајас, под трактор универзал бил пронајден Џ.М. (52) од Зајас. Според извршениот увид, тој управувал со тракторот, изгубил контрола, паднал и бил прегазен од машината“, соопштија од полицијата.






Лекар од Итната медицинска помош од Кичево констатирал дека мажот починал и дека нема траги на насилство.

Според очевидци, несреќата се случила додека Џ.М. работел на шумскиот пат, а причините за губење на контролата врз тракторот сѐ уште се утврдуваат.

„На лицето место беше извршен увид и се преземаат сите потребни мерки за утврдување на точните околности околу несреќата“, соопштија од кичевската полиција.

Поврзани содржини