ФАСАДИ ЗА СИТЕ ЗГРАДИ ВО КАРПОШ Јакимовски ќе продолжи таму каде што застана
Обврска на граѓаните ќе биде да ги заменат прозорите, а наша задача е да ги реконструираме фасадите., вели Јакимовски.
Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска најави продолжение на проектот „фасади за сите згради во општина Карпош“. Јакимовски се обврза да издвои од општинската каса 12.000.000 евра за да обезбеди термички фасади за осумдесетина згради во општината.
– Продолжуваме со реконструкција на фасадите во општина Карпош. Ни останаа уште осумдесетина згради изградени пред 1990 година. Обврска на граѓаните ќе биде да ги заменат прозорите, а наша задача е да ги реконструираме фасадите. Односно да поставиме нови, термички фасади. Оваа зграда на Никола Тесла бр. 18 ќе биде меѓу првите реконструирани фасади, а за оваа намена ќе издвоиме од општинскиот буџет некаде околу 12.000.000 евра и со тоа ќе ги покриеме сите обврски. Карпош мора да блеска, Карпош мора да има ново руво – најави Јакимовски.