Фармацевтски гигант казнет за поткуп на доктори, болници, клиники

Целта била на пациентите да им се препишуваат нивните лекови, како и да се користи нивната хируршка опрема, објави „Ројтерс“.

952

Светскиот фармацевтски гигант, компанијата „Новартис“, е казнета за корупција и поткуп на доктори, болници и клиники во Грција и Виетнам.

Целта била на пациентите да им се препишуваат нивните лекови, како и да се користи нивната хируршка опрема, објави „Ројтерс“.






Министерството за правда на САД денеска соопшти дека компанијата „Новартис Грција“ се согласила на договор што предвидува казна од 225 милиони долари.

Покрај тоа, од компанијата се бара да плати дополнителни 112,8 милиони американски долари за намирување на трошоците за парницата, плус 8,9 милиони американски долари во казни.

Компанијата, меѓу другото, изјавија дека во „Новартис“ се задоволни од постигнатиот договор.

Компанијата допрва ќе и се суди во Америка за поткуп на лекари, со цел да ги мотивираат да ми ги препишуваат нивните лекови на пациентите.

Поврзани содржини