ФАНОВИТЕ ВО ШОК Адел исчезна од сцената среде концерт во Лас Вегас (ВИДЕО)
Еден корисник на Твитер споделил видео од концертот, на кое се гледа како пејачката ги крева рацете за време на овации пред завесата од розови конфети да се спушти околу неа, со натпис: „Каде по ѓаволите отиде?
Адел неодамна одржа концерт во Цезарс Палас во Лас Вегас кој буквално беше полн со магија.
Имено, фановите биле целосно збунети кога пејачката исчезнала од сцената за време на концертот.
Еден корисник на Твитер споделил видео од концертот, на кое се гледа како пејачката ги крева рацете за време на овации пред завесата од розови конфети да се спушти околу неа, со натпис: „Каде по ѓаволите отиде?
Кога на бината паднале последните конфети, публиката сфатила дека Адел буквално исчезнала.
„Бев измачуван кога се случи ова, се прашував каде е таа“, признал еден фан во коментарите, додека друг додал: „Брате, каде отиде нашата кралица?“
Обожавателите не можат да сфатат како Адел успеала толку брзо да исчезне, а некои шпекулираат дека употребила добро познат трик и се „протнала“ низ скриена врата на подот на сцената. Или можеби навистина имало магија.
where tf did she go 😭 #WeekendsWithAdele pic.twitter.com/Mj0vYwAAGx
— Fred 🍷 (@FredAdkins_) November 19, 2022