Фановите со петиција против новиот дрес на ФФМ: Вратете ја црвено-жолтата боја, срамота е да личиме на Летонци!

Околу 3.000 граѓани се потпишале досега. Тие бараат да се вратат старите дресови кои се со боите на македонското знаме.

2,745

Го имавме можеби најубавиот дрес која некоја фудбалска репрезентација го имала! Наместо, да играме со дресот кој носеше радости и победи, дресот за кој целиот фудбалски свет зборуваше колку е уникатен и убав, стручњаците во ФФМ решиле да направат нови дресови, кои воопшто не ја содржат препознатливата црвено-жолта боја и личат како дрес на Летонија. Срамота! , се вели во онлајн петиција која кружи на социјалните мрежи, откако ФФМ ги промовираше трите варијанти на новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со кои ќе дебитираме на Европското првенство.

„Додека не е предоцна, повлечете ги овие дресови од употреба, вратете ги старите и претставете ја Македонија во најдобро светло“, се вели во петицијата.






Околу 3.000 граѓани се потпишале досега. Тие бараат да се вратат старите дресови кои се со боите на македонското знаме.

Еве како изгледа новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација кој е во три варијанти бордо, бела и црна.

Поврзани содржини