Фановите ја нападнаа Џенифер Лопез бидејќи го покажа меѓуножјето: Ти си мајка! ФОТО
Пејачката и актерка Џенифер Лопез на својот инстаграм-профил објави фотографија во предизвикувачка поза. Иако со фотографијата всушност сакала да ги испромовира високите потпетици, на следбениците внимание им привлекло меѓуножјето на Џеј Ло кое е во прв план.
Сепак, иако повеќето ја пофалиле пејачката поради изгледот, некои не биле задоволни од начинот на кој одлучила да се фотографира.
„Не е пристојно една жена, која патем е мајка, вака да го покажува меѓуножјето. Можеш ли да објавиш барем една фотографија на која нормално позираш?“, прашала една корисничка.
„Однесувај се како дама!“, напишал друг коментатор.
„Додека луѓето се борат со коронавирусот, ти објавуваш вакви фотографии“, се согласил трет.
Без оглед на критиките, пофалбите не престанале да пристигнуваат.
„Какви нозе!“, „Ти си вирусот што нас нѝ треба“, „Одлично изгледаш“, се дел од восхитувачките коментари.
FOTO: Instagram/Printskrin