Филхармонија в четврток ќе одржи концерт насловен „Фанфари за еден пријател“ кој е посветен на маестро Саша Николовски-Ѓумар, еден од најзначајните диригенти на нашата музичка сцена со кого оркестарот реализираше низа концерти.
Диригент е Габриел Бебешелеа, а на програмата се дела Арон Копланд, Пол Дика, Шарл Гуно, Флорент Шмит, Рихард Штраус и младиот македонски композитор Ангел Спироски.
Со концертот „Фанфари за еден пријател“ ќе биде промовиран и серијалот „Пред концертни разговори“ како нова практика на Филхармонија. Идејата потекнува од новиот шеф -диригент, маестро Габриел Бебешелеа, чија цел е преку овие разговори, пред почетокот на концертите, да ја запознае публиката со делата кои ќе бидат на програмата, како и со естетскиот и филозофскиот контекст на самите композиции.